ДТК Смарт-тек, една од 10-те стартапи кои ја одбележаа 2017

"Може да се кажеме дека 2017-та е почетокот на една вистински зрела стартап заедница. Ако претходниве години постоеше ентузијазам со минимални резултати, во 2017-та видовме огромни отскокувања од нормата. Сега имаме продукти кои добија огромни инвестиции, имаме компании што освојуваат интернационални пазари, и заедница која е спремна да го прифати ризикот што e својствен на стартапите. Оваа листа на 10-те стартапи што ја одбележаа 2017-та можеби е кратка, но се обидовме да ги наброиме тие компании кои станаа (или имаат потенцијал да станат) новите шампиони на оваа мала, потенцијална, но срамежлива стартап заедница. Тие го подигнаа стартап стандардот на едно повисоко ниво, и покажаа дека во Македонија има потенцијал и талент кој може да се натпреварува. Критериумот по кој ги биравме беше а) нивниот импакт во 2017-та, и б) зрелоста на нивниот продукт." вели текстот напишан од Startup Macedonia.

Нашата компанија се најде на листата како една од оние кои изработуваат хардвер. Покрај иновативното хардверско-софтверско решение кое е во фаза на патентирање,а беше поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој, оваа година имавме развој на нашите останати производи, особено нашиот софтвер кој произлезе со голем број прилагодувања од барањата на клиентите, македонски компании со кои нашата компанија почна да соработува. Ова за нас претставува еден убав начин да се заокружи успешната 2017-та година.

29.Dec.2017