Виртуелен сигнал генератор

ДТК Смарт-тек, во рамките на соработката со СЕТУГС „Михајло Пупин“ разви и изработи виртуелен функциски сигнал генератор. Станува збор за целoсен хардверски и софтверски развој, дизајн и изработка на функциски генератор, кој може да се користи како засебен инструмент во склоп со други лабораториски инструменти, а се користи и за целите на лабораториските вежби кои ДТК Смарт-тек ги изработи за училиштето. Инструментот може да се користи со помош на персонален компјутер. USB напојувањето овозможува генераторот лесно да се користи и како преносен инструмент.

Развој на лабораториски вежби и инструментација за СЕТУГС „Михајло Пупин“

Наставниот процес во средните стручни училишта од електротехничката струка се соочува со континуирани предизвици. Како да се едуцира кадар способен да одговори на потребите од новите технолигии, умеења и вештини, е прашањето на кое училиштата треба да дадат одговор. Токму оваа потреба на пазарот на трудот, создава обврска пред средните стручни училишта да организираат наставен процес кој ќе има приоритетна задача да создава млади, квалитетни стручни кадри, подготвени да одговорат на современите професионални предизвици во струката.