Промоција на системите на ФЕИТ

На 11 Ноември 2015 година беше промовирана првата некомерцијална инсталација на систем за менаџмент со електрична енергија на компанијата ДТК Смарт-тек на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Како спин-оф компанија на ФЕИТ, првата имплементација на системите за менаџмент со електрична енергија ДТК Смарт-тек симболично ја започна на ФЕИТ од каде што и потекнува целиот тим.
На промоцијата беа поканети заменик министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски и директорката на фондот за иновации и технолошки развој г-ѓа Јасмина Поповска.
Подржувајќи го успешниот старт на ДТК Смарт-тек директорката Поповска апелираше иноваторите да се охрабрат и да ги искористат грантовите од Фондот во новите повици.
Потврда за заложбите за развој на иновациите е компанијата „Смарт- тек“ изјави заменик министерот Ристовски. Министерот апелираше компаниите да ги искористат и средствата од Светска банка, да отворат бизнис и да ја реализираат својата иновација.

11.Nov.2015
Видео: