Проф. д-р Владимир Димчев

Проф. д-р Владимир Димчев

Владимир Димчев дипломира на Електротехничкиот факултет во 1983 год, магистрира во 1990 год, а со научен степен доктор на технички науки се здобива на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје во 2001 година. Од 1987 година работи на Електротехничкиот факултет, на Институтот за електрични мерења и материјали, како професор по предмети од областа на електричните мерења. Од 2010 година Владимир Димчев е раководител на институтот за електрични мерења и материјали. Неговото поле на интерес опфаќа: мерења во електроенергетиката, мерење заземјување, анализа на електромагнетни влијанија, мерење електромагнетно поле, системи за аквизиција на податоци, и квалитет на електрична енергија. Владимир Димчев бил раководител на повеќе меѓународни научно-истражувачки проекти, автор е на повеќе од сто научни и стручни трудови на домашни и меѓународни конференции, како и во меѓународни списанија. Тој е член на IEEE, и претседател на Македонската секција на IEEE во периодот 2006-2009. Владимир Димчев е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои награда за истакнат инженер во регионот 8 во 2001 година.